Доместик ДООЕЛ

29+ Годишно искуство

Доместик Компани е фирма која е создадена во 1990 год. и се уште континуирано работи и е присутна на Македонскиот пазар. По тој повод Ви ја промовираме нашата нова веб страница за да постигнеме уште поголема соработка и комуникација со Вас.
Доместик Компани денес располага со 8 вработени кои што Ви се целосно на располагање со наши совети и идеи, како и огромен асортиман на завеси за што подобро да ги уредите Вашите домови, работни простории и објекти.

Освен голем број на модели и брендови на завеси и драпери ние располагаме и со други артикли како што се роло завеси, алуминиумски и дрвен венецијанер, вариолајт завеси, корнизи и тапети.